Интервју со Бесник Исаки, генерален директор и сопственик на БЕ-ДА Логистик
Светска логистика, регионална сила – БЕ-ДА Логистик на Transport Logistic 2025
Минхен повторно беше центарот на европската логистика. Transport Logistic 2025 собра илјадници компании од целиот свет, производители, превозници, логистички оператори и технолошки иноватори. Меѓу нив, по втор пат дел од изложувачите беше и БЕ-ДА Логистик, која го претстави своето работење, визија и иновативен пристап кон транспортот и логистиката.
Разговараме со Бесник Исаки, генерален директор и сопственик на компанијата, за впечатоците, искуството и значењето на овој настап за иднината на БЕ-ДА Логистик.
Transport Logistic е најголемиот логистички настан во Европа. Како би го опишале вашето искуство таму и што значи за БЕ-ДА Логистик учеството на ваков глобален саем?
- Transport Logistic Минхен е најголемиот саем во Европа и вистинска светска сцена за нашата индустрија. Учеството на ваков настан не значи само присуство, тоа е искуство, знаење и контакти што се носат понатаму и ја обликуваат иднината. Фактот што по втор пат сме дел од најголемите светски изложувачи и даватели на услуги во транспортот и логистиката ја потврдува нашата вредност и зрелост како компанија. Од локален оператор во Македонија и регионот, БЕ-ДА Логистик израсна во препознатлив европски бренд. Со тоа покажуваме дека не сме само играчи на балканскиот пазар, туку компанија со јасна визија и амбиција за европската логистичка сцена.
Како настапот на саемот помогна во претставувањето на вашите услуги и градењето на меѓународни партнерства?
- Со презентацијата на нашите услуги и продукти на саемот, покажавме дека ги следиме европските стандарди и трендови. Преку нашата работа се позиционираме како мост помеѓу Балканот и Европа – нешто што јасно го демонстриравме преку нашата промоција на штандот, а уште повеќе преку препознавањето од страна на нашите партнери и клиенти. Посетите кои ги добивме од компании од цела Европа се потврда дека не сме гледани само како регионални превозници, туку како сигурен европски партнер кој може да понуди и квалитет и капацитет.
Што би издвоиле како најголема гордост од настапот во Минхен и што тоа значи за вашиот тим и брендот БЕ-ДА Логистик?
- Препознаени сме како домашен бренд од страна на бројни европски компании кои внимателно го следат нашиот развој. Доказ сме дека една компанија од Балканот може успешно да расте и рамноправно да се носи со најголемите логистички играчи. Посебна гордост е што тимот на БЕ-ДА Логистик, преку различните сектори, со самодоверба и висока професионалност ги презентираше услугите на компанијата.
Учеството на Transport Logistic 2025 уште еднаш ја потврди насоката по која чекори БЕ-ДА Логистик, стабилно, професионално и со европска визија. Компанијата не само што го претстави својот потенцијал, туку покажа дека иднината на логистиката на Балканот веќе има силен и препознатлив претставник на европската сцена.